Израелскиот дизајнер Елиран Араха остварува невестински соништа. Низ деликатните, рачно изработени фустани се преплетуваат елеганција, умерен сексапил и суптилен гламур.
Комплексните низи од мониста и бисери, тридимензионалните цветни апликации и впечатливите везови ѝ даваат специјален шмек на секоја од креациите.