Креациите на Мајкл Корс неретко се дел од стилските избори на славните личности. Иста комбинација од неговото ателје одбраа Џенифер Лопез и Јоланда Хадид.
53-годишната пејачка и 58-годишниот поранешен модел носеа ист плетен комбинезон и палто во бежови нијанси од Корс, но на различни настани.

Лопез се појави во овој стајлинг во јуни оваа година за гостувањето во „Good Morning America“.







Јоланда, пак, шармираше во бежовите модели за доделувањето на „Golden Heart Awards“ кое се одржа пред неколку дена во Њујорк.




