Софија Вергара ја продлабочува соработката со брендот Foster Grant. 49-годишната актерка ја претстави својата најнова колекција од линијата Sofia Vergara x Foster Grant.
Впечатливата фотосесија за очилата за сонце и диоптриските очила била снимена во Лос Анџелес.
За дизајнирањето на очила, Вергара има споделено: „Кога наполнив 40, 41, 42 години, започнав да го губам видот. Тоа е нормално на мојата возраст. Одбивав да носам очила, зашто се чувствував стара. Си велев дека не ми се потребни.“
Ѕвездата од „Modern Family“ појасни дека син ѝ ја поттикнал да носи очила, затоа што ѝ укажал дека е подобро да носи очила одошто да подзамижува додека гледа и да го држи мобилниот телефон сè подалеку. Па, таа се впуштила во авантурата да дизајнира привлечни очила во кои нема да се чувствува „како баба“.