Префинети, деликатни, женствени и романтични... венчаниците од италијанскиот бренд Nicole „крадат срца“.
Дизајнерката Алесандра Ринаудо умешно синтетизира елеганција, гламур и сензуалност стремејќи се кон една цел – фустани со безвременска убавина.
Луксузните ткаенини како италијанска свила и француска чипка се мошне значаен фактор за атрактивноста на креациите. Погледнете ги моделите од колекцијата 2018: