Новите стилски визии на Зухаир Мурад вклучуваат пиратски авантури. Либанскиот дизајнер се инспирираше од пиратите од 18-тиот век за да го создаде изгледот на неговите хероини преку колекцијата висока мода пролет/лето 2022.
„Луѓето имаат потреба да сонуваат, особено во моментов, во овие стресни времиња. Пиратите претставуваат слобода, самодоверба и храброст... Моите пирати се авантуристички жени кои се во потрага по богатствата на животот. Тие можеби сонуваат за љубов, или пак, за иднина полна со радост и смелост“ – коментираше Мурад за колекцијата.
Шапки и марами на глава кои се асоцираат со пиратски аутфити и креации декорирани со мапи, развеани едра, како и камења и злато кои потсетуваат на ковчег со богатство ја потенцираа тематиката.
Ревијата се одржа во рамките на Париската недела на високата мода.