Balmain ги покани Дауцен Крус, Изабели Фонтана и Наташа Поли да ги презентираат креациите од колекцијата пролет/лето 2017.
На рекламните фотографии на француската модна куќа, згодните модели позираат во модни креации за следната сезона дизајнирани од Оливие Рустан.
Дел од кампањата се и машките модели Џон Кортахарена и Габриел Обри.