Лин Слејтер е од жените кои не се обидуваат да се вклопат во толпата, знаат точно кои се и носат сè со огромна самодоверба.
63-годишната блогерка, која работи како универзитетска професорка и стои зад блогот „Accidental Icon“, привлекува фанови со моќна и минималистичка естетика. Својот стил на облекување го опишува со неколку збора – „минималистички, авангарден, ноншалантен и монохромски“.
„За мене, модата и она што го носам се дел од мојот идентитет“ – вели таа.
Самоуверената дама не ја прикрива седата коса, ниту пак ги „брише“ брчките од своите фотографии, борејќи се против униформираниот изглед.