Маја Малнар шармираше на црвениот тепих во Кан.
За 76-тото издание на Филмскиот фестивал на француската ривиера, 29-годишната блогерка од Словенија избра портокалова плисирана креација со прикачена наметка од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.
Убавата модна зависничка во Кан се појави и во уште едно гламурозно издание од Рами Ал Али.
Маја е една од најпопуларните модни блогерки со словенечко потекло и има долгогодишно искуство во модната индустрија. Таа во моментов живее и работи во Лондон, а нејзините стилски приказни ги следат речиси 1,5 милиони лица од целиот свет.