Џенифер Лопез е ѕвездата од јубилејното издание на People En Espanol.
Списанието, кое се издава од 1996 година, ја покани славната актерка и пејачка за да го одбележи 20-тиот роденден.
Во забавниот едиторијал, Лопез носи впечатливи креации додека дува свеќички на торта, позира меѓу конфети и балони и пие шампањ.