Сестрите Хадид беа ѕвезди на ревијата на Moschino во рамките на Миланската недела на модата.
25-годишната Бела заведуваше во црна креација што го прегрнува женското тело, додека 26-годишната Џиџи привлекуваше внимание во впечатлив златен фустан со тул, со кој го затвори модното шоу.








Претходно, славните сестри дефилираа и во две други креации.







Креативниот директор на Moschino, Џереми Скот, искористи футуристички форми и дизајни за колекцијата, а создаде и модели инспирирани од „Убавицата и ѕверот“.













На крајот од ревијата, Скот се појави во црвен космонаутски костум.
