И Алана Хадид влегува во светот на модата? Поголемата сестра на Џиџи и Бела Хадид на 40-годишна возраст за првпат дефилираше на модна писта.
Таа беше дел од ревиите на Saks Potts и Munthe на Модната недела во Копенхаген.
Алана тврди дека не било планирано да биде дел од модната недела во данската метропола. „Одлучив да дојдам во Копенхаген бидејќи ги сакам данските брендови. Saks Potts дознаа дека ќе доаѓам и ме контактираа за да ме прашаат дали сакам да дефилирам на нивното шоу. Ми беше голема чест“ – изјавила таа.
Алана на крајот на минатиот месец го прослави својот 40-ти роденден. Таа работи како стилистка и е коосновач на брендот La Detresse.
„Сметам дека целата моја фамилија ја сака модата, бидејќи таму има многу нешта со кои можеш да експериментираш. Не постојат граници. Сметам дека сите ние сме креативци, секој на свој начин“ – вели таа.