Селена Гомез започна соработка со брендот La'Mariette.
28-годишната пејачка креираше колекција костими за капење која ја одразува нејзината самодоверба и автентичноста. Колекцијата вклучува шест модели со принтот „Аура“ инспириран од Гомез. Музичката ѕвезда самата ги претстави моделите во фотосесија.
„Принтот ‘Аура’ е инспириран од Селена, нејзината аура сјае низ сè што прави и сакавме сите да го почувствуваат тоа трансформациско чувство да се биде најавтентичната верзија од себеси. Самодовербата на Селена е неспоредлива, па вистинско задоволство е што можевме да создадеме принт кој го отсликува тоа“ – изјавил коосновачот на брендот.
„Она што го сакам кај овој бренд е тоа што ги слави жените кои безусловно ги сакаат нивните тела и си ја даваат милоста која ја заслужуваат. Се надевам дека ќе ви се допадне колку што ми се допадна мене“ – напиша Селена на Instagram.