Шери Хил повторно ги остварува женските фантазии со колекцијата свечени фустани за сезоната пролет 2021.
Американската дизајнерка стекна слава со креирањето на гламурозни, романтични и елегантни креации за матурските забави, како и за свечените прослави и настани. Колекцијата за оваа сезона се состои од фустани со тул, длабоки деколтеа, циркони, високи шлицови и цветни апликации.
Без разлика каква свеченост ви претстои, гарантирано ќе посакате да имате барем еден од фустаните креирани од Шери.