Шери Хил им помага на идните невести да заблескаат на најсреќниот ден од нивниот живот.
Славната американска дизајнерка, чија специјалност се свечените вечерни фустани, ги инспирира дамите кои допрва ќе го кажат судбоносното „Да“. Нејзината колекција венчаници за сезоната пролет 2022 година изобилува со модели кои секоја невеста би посакала да ги носи на својата свадба.