Најубави се приказните од кои не можете да се наситите и кои везат изненадување по изненадување. Речиси три години откако за првпат ги освои срцата на македонските дами, брендот Rebecca се искачи на следното скалило од експанзијата со отворањето на втор продажен салон кај нас, и тоа на најактуелната шопинг дестинација – East Gate Mall.
На отмениот настан, со кој беше одбележано отворањето, многумина љубители на италијанската естетика имаа можност да уживаат во луксузно уредениот простор, да наздрават за успесите и одблиску да продрат во магијата на накитот кој синтетизира суптилен гламур, неодолива префинетост и артистички дух.
Ива Милошевска, која е најзаслужна за присуството и успешното работење на Rebecca на македонскиот пазар, заедно со својот тим порача:
“
Во новото поглавје, ќе се дружиме на уште една, нова дестинација специјално дизајнирана за љубителите на врвниот италијански дизајн и трендовски накит.
Им благодариме на сите наши драги пријателки и пријатели кои беа со нас на новото отворање, а за оние кои беа оправдано отсутни, ветуваме уште многу прилики за убави дружења. Ве гушка тимот на Rebecca Macedonia“.
Меѓу гостите беа и Каролина Гочева, која е заштитно лице на брендот од самиот старт и Ребека Тести, ќерка на дизајнерот Алесандро Тести, кој ги постави темелите на италијанската компанија во Фиренца.
Блескавите аксесоари Rebecca се раѓаат во срцето на Тоскана, но се достапни во над 1.500 места низ Италија и над 30 земји. „Jolie“, „Palermo“, „Lux“, „My World“ и „Lucciole“ се само дел од колекциите на Rebecca кои пленат низ светот, а можете да ги пронајдете и во новиот салон во East Gate Mall и во првиот салон во Ramstore.
Накитот е уметничко дело кое може да ни биде константен придружник и кој буди емоции и кај оној што го носи и кај оној што го гледа. А Rebecca само ни го потврдува тоа.