Тарик Едиз креираше фустани за дамите со романтична душа.
Турскиот дизајнер ја претстави актуелната колекција вечерни фустани од кои најголем дел се со силуета „принцеза“.
Ефектните елементи од бисери, мониста и кристали ги красат креациите кои мамат воздишки.
„Инспиративната колекција Тарик Едиз 2022 ја слави свежината на женственоста, со блескави нијанси, светли ткаенини и сензуални текстури“ – пишуваат од брендот на Instagram.