Празникот на виното и љубовта годинава придоби нова димензија.
Шармантната еуфорија која традиционално се распространува, годинава е засенета од здравствените мерки за заштита. Прославувањето на љубовта веројатно ќе биде во поинтимна атмосфера, но нема да биде „стишено“.
Додека искри од емоции блескаат насекаде, кулминира желбата да подарувате со љубов или да се разгалите поттикнати од љубовта кон себе.
Брендот Rebecca со префинетост ја потенцира моќта на љубовта. Од прекрасниот излог и асортиманот на накит со детали од срциња во разни варијанти, до Инстаграм фидот: сѐ е во знакот на љубовта!
Низа од шарени срциња за секое ТЕ САКАМ. Ако се двоумите за подарок, дефинитивно нема да погрешите со парче од колекцијата Piccoli Cuori, изработена од чисто сребро, достапна и во опција со позлата, збогатена со рачно боени срциња во црвена, црна и шарена варијанта. За секое купено парче од колекцијата, Ребека подарува приврзок во облик на ружа!
А зборувајќи за малите срциња, одличен избор е и скапоцената колекција Jolie, изработена од сребро и детали со дијамантски прав, за која во салонот следи подарок: заштитна маска за лице со детаљ црвено срце.
Доколку пак се двоумите околу стилот и возраста, нема да погрешите со вечната класика Lucciole pearl, изработена од чисто сребро со додатоци од бисери, која е идеален додаток за секоја пригода, стајлинг и возраст. Како и амајлиите од колекцијата Sentimenti, со чија помош ќе ги потсетите вашите најдраги да љубат безусловно.
А кога станува збор за бисерите, најбараната колекција во моментов во салонот на Ребека накит во ТЦ Рамстор е новата колекција Palermo, која е раскошна сицилијанска убавина во вистинска смисла на зборот. Изработена е од барокни бисери, совршено комбинирани со храбри синџири oд бронза кои создаваат идеален спој на гламур и урбана класика.