Оливија Палермо го развива својот дизајнерски талент сè повеќе и повеќе. Популарната блогерка креираше нова модна колекција за брендот Chelsea 28 и како и секогаш, самата ги претстави своите креации.
На фотографиите, 30-годишната модна икона на денешницата шармира во парчиња во бои со потемни тонови и ретро шмек.
„Возбудена сум за богатите тонови како бордо. Исто така, сакам да користам неутрална палета на бои кога вклучувам разни текстури како велур“ – вели Палермо.