Во екот на модната недела во Њујорк, списанието Harper’s Bazaar организираше голема забава. Армија модели, дизајнери, уредници, блогерки и „it-девојки“ присуствуваа на забавата „ICONS by Carine Roitfeld“.
Повеќето гостинки си дозволија да се разголат малку повеќе, избирајќи креации со ултра длабоки деколтеа, високи шлицови и проѕирни ткаенини.
Најозборуван беше стилскиот избор на Емили Ратајковски, која носеше провокативен блескав фустан од Џулиен Мекдоналд. Ким Кардашијан и Карин Ројтфелд се појавија во креации од Живанши, Сара Сампајо и Нина Агдал, која од неодамна е во врска со Леонардо Дикаприо, позираа заводливо во црни фустани од Зухаир Мурад, додека Изабел Голарт и Кајли Џенер избраа креации од Балман. Кание Вест ги забавуваше гостите на свеченоста.
Погледнете како изгледаа присутните ѕвезди и оценете го нивниот стил: