H&M непрекинато ја надополнува пролетната модна колекција. Шведскиот бренд ги претстави парчињата облека кои ќе ги преплават улиците во текот на топлите денови и кои ќе ги освојат дамите кои тежнеат кон современ романтичен изглед.
„Novel Romance“ е за модерните романтичарки кои спојуваат контрасти, мешаат женствени карнери и возбудливи тантели со бел тексас.