Секоја жена заслужува атрактивна и квалитетна долна облека во која ќе се чувствува самоуверено, секси и комфорно.
Серијата Lisca Fashion во колекцијата пролет/лето 2017 има раскошен вез, еластична чипка, нежни набори и цветен принт кој ја нагласува женската нежност и елеганција. Ќе бидете воодушевени од атрактивните модели, кои се смели и исклучително женствени, а истовремено пријатни и функционални.
Серијата е наменета за различни големини и на располагање се градници со жица во широк распон на броеви до E 95. Голем избор - од градници со жица, пенести и soft корпи без рабови, до различни push up модели кои ги дополнуваат чипкасти детали, сатенски завршетоци и транспарентни парчиња. Целокупниот изглед ќе го заокружи омилениот модел на гаќички: бразил, пенти или повисоки гаќички за оние кои сакаат да го сокријат стомачето.
Lisca Fashion содржи и релаксирана и елегантна серија на ноќници и пижами, изработени од пријатни материјали, како што е wortex модалот. Женственоста ќе ја истакнат атрактивниот baby doll или комбине кои можат да се носат во комбинација со градник.