Потоплите денови од оваа година полека наближуваат, а нашите модни комбинации ќе стануваат сè полесни и покомфорни.
Одлична пролетна инспирација нуди германската блогерка Фисун Линдер, која се вбројува меѓу најпопуларните модни зависнички на социјалните мрежи. Атрактивната мајка на две девојчиња освојува со стилски приказни во кои се вклучени голем број актуелни трендови.
Колоритни костуми, кожени панталони, фармерки-ѕвонарки, шик мантили... Пронајдете ја вашата инспирација за деновите кои ни доаѓаат.