Синоќа во Монако се одржа гала вечер посветена на зачувување на природната средина и здравјето на нашата планета.
Домаќини на свеченоста „Monte Carlo Gala for Planetary Health“ беа принцот Алберт и принцезата Шарлин.
На синиот тепих, 42-годишната принцеза блескаше во сребрен фустан од дизајнерката Џени Пекам.
При близок контакт со други луѓе, сите гости носеа заштитни маски.
На церемонијата присуствуваа бројни славни личности, меѓу кои и Џони Деп, Стинг, Хелен Мирен и Леона Луис.
75-годишната Хелен Мирен мамеше воздишки во зелена креација од Долче и Габана.
Кејт Бекинсејл изгледаше гламурозно во креација од Жорж Чакра.
Софија Рајсинг заведуваше во креација од Џулиен Мекдоналд.
Џони Деп мамеше женски погледи во елегантен смокинг.
Леона Луис за оваа пригода избра златен фустан од Памела Роланд.
Сиена Милер насмеана и весела позираше во црна креација.
Ребел Вилсон за првпат се појави на јавен настан со новото момче Џејкоб. Фустанот во металик нијанси е дело на Рене Руиз.
Дизајнерот Томи Хилфигер беше придружуван од сопругата Ди.
23-годишната ѕвезда од „Game of Thrones“ Мејзи Вилијамс избра делумно проѕирна креација од Диор.
Синди Бруна носеше бежова креација со исечоци кај колковите.
Мариен Фонсека привлекуваше погледи во проѕирна креација
Паулин Декрует изгледаше модерно во бордо костум.
Хелена Гетсби носеше црна дводелна креација.
Стилски избор на Алина Баикова беше бел сако-фустан и црвени салонки.
Клои Грин се појави во колоритна креација.