Кога Зухаир Мурад ја открива својата најнова невестинска колекција, илјадници идни невести воздивнуваат со восхит. Популарниот либански дизајнер ја претстави свадбената визија за сезоната пролет 2023 и одушеви со романтичните креации.
Блескави кристали, комплексни везови, луксузна тантела... Фустаните пленат со деликатна, модерна елеганција и софистицираност.
Балските силуети со нагласен струк и разголени рамена се оцртуваат како доминантни во колекцијата која со сигурност ќе примами многу дами кои планираат да го изговорат судбоносното „ДА“.