Меланија Трамп нема модни утки. 50-годишната прва дама на САД привлече само комплименти со својот најнов стајлинг.
На настан во Белата куќа, сопругата на претседателот Доналд Трамп зачекори во елегантен бел костум од Мајкл Корс.
Својот моден избор Меланија го надополни со црно-бел колан и салонки со истиот принт.
Настанот се одржа по повод 100-годишнината од ратификацијата на 19-от амандман, со кој жените добија право да гласаат.