Кралицата Летиција и кралот Фелипе VI синоќа присуствуваа на гала во Мадрид по повод доделување на награди за новинарство.
47-годишната припадничка на шпанското кралско семејство, која е поранешна новинарка, мамеше воздишки во црвен асиметричен фустан од Роберто Терета. Во својот стајлинг, Летиција додаде обувки од Маноло Бланик и чантичка од Ботега Венета.
Сите присутни на церемонијата организирана од шпанскиот национален весник ABC задолжително мораа да носат маси за заштита од коронавирусот.
На церемонијата по повод доделувањето на меѓународните награди за новинарство на ABC беше оддадено признание на најдобрите во сите сфери на новинарството.