Почетна » Новости » Мода » Почина славната дизајнерка Вивиен Вествуд

Почина славната дизајнерка Вивиен Вествуд

Почина Вивиен Вествуд. Модната дизајнерка, која неретко беше нарекувана „кралица на британската мода“, издиша за последен пат на 81-годишна возраст.

Вивиен Вествуд

Тажната вест беше објавена од нејзината модна куќа. Во соопштението пишува:

„Вивиен Вествуд почина мирно денес, опкружена од нејзиното семејство во Клапам, Јужен Лондон. Вивиен до последниот момент продолжи да ги прави нештата кои ги сакаше. Таа дизајнираше, работеше на нејзината уметност, ја пишуваше својата книга и го менуваше светот кон подобро. Таа водеше неверојатен живот. Нејзината иновативност и влијание во изминатите 60 години се огромни и ќе продолжат во иднина.“

Вивиен Вествуд

Нејзиниот сопруг Андреас Кронталер изјавил: „Ќе продолжам со Вивиен во моето срце. Работевме до самиот крај и таа ми даде многу нешта за да продолжам. Фала ти драга.“

Вивиен Вествуд Вивиен Вествуд

Вивиен доби орден од Кралицата Елизабета II во 1992 година. По одликувањето, таа позираше пред фотографите веејќи го своето здолниште за да покаже дека не носи долна облека.

Вивиен Вествуд

Нејзиниот бунтовнички дух се рефлектираше во нејзините креации и стана основа на панк стилот. Таа се прослави во 70-тите години од минатиот век и имаше можност да облекува бројни славни личности низ годините.

Вивиен Вествуд Вивиен Вествуд Вивиен Вествуд Вивиен Вествуд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.