Почина Пако Рабан. Славниот дизајнер, чие вистинско име беше Франсиско Рабанеда Куерво, издиша за последен пат на 88-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди шпанската групација Puig, под чија капа работат модната куќа и бизнисот со парфеми на Пако Рабан.
Пако Рабан ја започна својата кариера во светот на модата креирајќи накит за Живанши, Диор и Баленсијага, а својата модна куќа ја основаше во 1966 година. Тој беше препознатлив по тоа што за неговите модни дела користеше неконвенционални материјали, како метал, хартија и пластика.
Неговата љубов кон архитектурата е проткаена низ неговите модели кои го издигнаа до врвот.
Пако Рабан се повлече од модната индустрија во 1999 година и оттогаш ретко се појавуваше во јавноста.
Paco Rabanne, the Spanish fashion designer who created costumes for Audrey Hepburn in TWO FOR THE ROAD (1967) and for Jane Fonda in BARBARELLA (1968), has died at 88.@BBCBreaking — https://t.co/N9R0Bc4Czp pic.twitter.com/3sG3c7RgLc
— The Daily (@CriterionDaily) February 3, 2023