Хриса Хендис создава стилски приказни кои се заслужни за нејзината слава на социјалните медиуми.
22-годишната модна блогерка живее и работи во Париз, а е родена во Атина, Грција. Таа секојдневно споделува совети и искуства поврзани со мода, патувања и начин на живот. За себе на својот Instagram профил, пишува:
„Девојка која носи костуми“.
И навистина, голем дел од модните комбинации кои ги предлага Хриса вклучуваат костуми.