Ретко која млада филмска ѕвезда има толку многу стилски погодоци на холивудски настани колку што има Зендаја.
Нарекувана е и кралица на стилот, затоа што со модните експерименти докажува дека може успешно да носи најразлични впечатливи стајлинзи.
На годинешното издание на CinemaCon, талентираната актерка се појави во интересен комплет од Луј Витон кој однапред зрачеше со бизнис шик, а одназад оддаваше умерени дози сексапил, благодарение на елечето со разголен грб.
26-годишната ѕвезда од „Euphoria“ беше во придружба на Тимоти Шаламе, со кого го промовираат второто продолжение на блокбастерот „Dune“.
Премиерата на Dune: Part Two е закажана за 3 ноември.