Вежбањето им помага на дечињата да ги одржат мускулчињата и коските, воедно придонесува и спиењето да биде поквалитетно. Три дена во неделата се сосема доволни да се спречат хроничните заболувања.
Спортскиот центар Јане Сандански, меѓу останатите детски дисциплини, нуди и ритмичка гимнастика, спорт наменет за девојчиња на возраст 5-10 години. Во овој спорт комбинирани се балет, гимнастика и модерен танц. Кореографијата мора да го покрие целиот подиум и да содржи елементи на рамнотежа, брзи и нагли скокови, вртења и флексибилни движњеа. Вклучени се и сила, моќ, издржливост, темпераментност, умешност и добра координација.
Од неодамна, часовите се одржуваат во нова просторија специјално наменета за ритмичка гимнастика. Просторијата се наоѓа во рамките на спортскиот центар и е опремена со сите потребни реквизити за овој спорт.
Термините остануваат исти, од понеделник до петок во следните временски периоди:
- 17.30-18.30ч.
- 18.30-19.30ч.
- 19.30-20.30ч.
Резервирајте го местото на вашето дете навреме на телефон 070/268-048.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страница scjanesandanski.mk или пак следете нè на Facebook и Instagram и бидете во тек со последните новости и случувања.