Fashion & Friends ја проширува својата понуда со брендовите Lee и Wrangler.
Lee женска колекција пролет/лето 2016
Свежото размислување и самоувереност е пренесена преку светлите и храбри бои – Lee® женската пролет-лето 2016 колекција се движи околу новите прилагодени кроеви, новите структурирани материјали и вистински џинс иновации. „Валкано розова“, светло жолта, светли небесни нијанси и „vintage“ војничко-зелена се комбинираат со темни и богати тонови, а се вклучени и влијанија на војничкиот стил, шириоки шик ногавици кои се дизајнирани за да го слават личниот стил на оној кој ги носи парчињата.
Легендарните Lee® кроеви - „skinny“, „slim“ и „straight“, се враќаат заедно со широките и ѕвонести ногавици, како и со нови сезонски изненадувања. Scarlett – ултимативните петџебни скини џинс се преработени со нов еластичен раб, а Toxey – супер-скини фармерките имаат привлечен, краток крој со патенти кои се искористени како главен детаљ. Skyler и Emlyn фармерките со висок струк, имаат модерен и рамен фит.
Нов модел за оваа сезона се Auberry фармерките, со кратки широки ногавици, инспирирани од современите улични модни икони. Слични на нив, други модели на широки панталони се Annetta - модерните ѕвонарки, Joliet привлечни панталони до глужд и Sallie – „boyfriend“ џинс.
Секој горен дел, кошула, маица е надградена во формата и дизајнот, со интересни избледувања и нови „oversized“ кроеви. Деталите во колекцијата се прекрасно пренесени преку вметнувањето на елементи инспирирани од работниците, како и користењето на исклучителни материјали со префинети структури. Возбудливите форми се присутни на тесните Lee® Bib фустани од црн тексас, лежерните шорцеви и „пин-ап“ куси панталони. Џогер-џинс од вешто скроен тексас, со тесни ногавици и ластик на половината, придонесуваат за префинет, спортско-луксузен изглед.
Ова е шарена, летна и весела колекција со вистински џинс интегритет, иновативен дизајн и шик, безгрижен дух.
Wrangler колекција пролет/лето 2016
Легендарниот американски бренд Wrangler ја претставува новата пролет-лето колекција за 2016, инспирирана од спортот и активниот живот, линија создадена од удобни џинс кои ñ дозволуваат на кожата да дише, а воедно во кои ќе изгледате одлично и ќе можете да бидете активни со стил.
Лидери во џинс иновацијата, „Active Ready“ колекцијата на Wrangler е опремена со широк опсег на jog-џинс кои имаат визуелен приказ на тексас, но всушност се сошиени од иновативна текстилна технологија за да се зголеми удобноста и овозможи движењето. Супер-лежерни, а воедно стилски, jog-џинсот на Wranglerод еластичен тексас и ластик на половината, класичен петџебен стил, доаѓа во различни нијанси на избледувања.
Во активната линија се вклучени лесни сезонски фармерки дизајнирани со Coolmax® технологија, преку која се користат материјали инспирирани од спортската технологија. Овие ткаенини се отпорни на потење и овозможуваат брзо сушење, така што без разлика на високата температура, оние кои ги носат фармерките ќе изгледаат одлично и ќе останат свежи. Клучните џинс парчиња за мажи ги вклучуваат модерните „slim“ Bostinфармерки и регуларните Colton фармерки со тесни ногавици.
Враќајќи ја во живот филозофијата на Wrangler - „роден подготвен“ , колекцијата за пролет-лето 2016 е дизајнирана за да им овозможи слобода и флексибилност на оние кои ги носат парчињата, да можат да преминат од градот во природа, од работа кон авантура, без разлика дали тоа е враќање со велосипед од работа накај дома или пак прошетка за ручек на летното сонце. Со совршеното комбинирање на модата и функционалноста, Wrangler фановите можат да бидат сигурни дека се подготвени за сите сезонски авантури.
Комерцијален текст