Романтични и бајковити венчаници ќе ги освојуваат срцата на клиентките на Оскар де ла Рента оваа година.
Новата невестинска колекција на реномираниот моден бренд е инспирирана од грандиозноста и волшебноста на розите. Цветните детали се проткаени во сите модели кои инстантно мамат воздишки.
„Од пробната вечера, до олтарот – колекцијата пролет 2024 на Оскар де ла Рента е дизајнирана за да ги инспирира модерните невести за сите прилики“ – пишуваат од модната куќа.