Ели Сааб бавно, но сигурно продира до срцата на многу невести. Славниот либански дизајнер освои уште многу дами со новата колекција венчаници, која ја наслови „A Sense of Wonder“.
Елегантните дизајни се збогатени со цветни детали и деликатна чипка, а мониста и светки треперат низ здолништата од тул и плисирана свила.