Која од нас не посакува да го има плакарот на блогерката која стои зад „Up Close and Stylish“?
Стотици „убиствени“ обувки од Кристијан Лобутин, неодоливи чантички од Шанел, Диор и Луј Витон, престижни чанти од Ермес и плус дизајнерска облека од актуелните колекции.
И покрај тоа што нејзините најверни фанови успеаја да ја разоткријат и се убедени дека станува збор за Малин Бергфорс од Шведска, модерната дама не отстапува од идејата да го сокрива своето и лицето на својата мала ќерка.