Џенифер Лопез е ѕвезда во кампањата на Coach која го слави мајчинството.
Како заштитно лице на луксузниот американски моден бренд, 53-годишната пејачка позираше во пролетни стајлинзи, презентирајќи ги впечатливите чанти кои со сигурност ќе ги привлечат нејзините обожаватели.
Фотографиите од кампањата за Денот на мајката се дело на Џошуа Вудс.
За мајчинството, Лопез рекла: „Секое дете е посебно на свој начин. Нашата грижа им помага да цутат“.