Војвотката Кетрин со широка насмевка шармираше на традиционалната парада на ирската гарда по повод Денот на Св. Патрик.
Како и секоја година за оваа пригода, 40-годишната претставничка на британското кралско семејство беше облечена во зелено од глава до пети.
Сопругата на принцот Вилијам носеше палто од Laura Green London и шапка и салонки во истата нијанса.
За време на церемонијата, војвотката од Кембриџ им врачи детелина на офицерите и чуварите, што е традиција која започнала уште во 1901 година.