Италијанскиот фестивал „Сан Ремо“ се фокусира на музиката, но визуелниот елемент ротира околу модниот избор на водителката.
68-мото издание на музичкиот спектакл го водеше Мишел Хунцикер, која носеше креации исклучиво од италијански модни куќи.
Веројатно нејвпечатливото издание на 41-годишната водителка беше раскошниот фустан во пурпурни нијанси од Moschino.
Освен со потпис на Moschino, Мишел носеше и креации од Armani, Alberta Ferretti, Trussardi и Philosophy by Lorenzo Serafini.