Почетна » Новости » Мода » Модниот свет се збогува со Бил Канингeм, легендарниот фотограф и кумот на уличниот стил

Модниот свет се збогува со Бил Канингeм, легендарниот фотограф и кумот на уличниот стил

Сите ние се дотеруваме за Бил.

Ана Винтур, главната уредничка на „Вог“

Њујоршката модна сцена изгуби легендарна личност. Вчера, на 87-годишна возраст почина Бил Канингeм, модниот фотограф и колумнист кој со велосипед „крстареше“ низ Големото јаболко, неуморно штракајќи со својот фотоапарат.

Нарекуван и „кумот на уличната мода“, Бил преферираше да биде „невидлив“, остана доследен на својата непоткуплива природа, пленеше со скромност и ентузијазам и 40 години го овековечуваше менувањето на трендовите во динамичната улична мода.

Бил Канингeм

„Бил беше неверојатна личност со огромен талент не само за модна фотографија, туку и за животот. Најбогатите и најмоќните во модната индустрија копнееја за неговото присуство, а сепак тој остана еден од најдобрите, најнежните и најскромните луѓе кои ги познавам. Изгубивме легенда, а мене лично срцето ми е скршено зашто изгубив пријател“ – пишува Артур Окс Сулцбергер Џуниор.

Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм

Пред да започне да работи како фотограф и моден новинар, Канингeм беше дизајнер на шапки, но неговиот бизнис беше прекинат за време на Корејската војна. Започна да пишува прво за Women's Wear Daily, а потоа за Chicago Tribune, а пред смртта, две децении работеше за The New York Times.

Бил Канингeм

До својата смрт Бил живееше скромно, во мал стан преполн со фотографии. Иако посетуваше луксузни забави, секогаш беше само набљудувач, никогаш учесник во нив. Најчесто беше облечен во сина „работничка“ јакна и едноставни класични панталони. „Парите се најевтиното нешто. Слободата и независноста се најскапото“ – изјавил Бил, кога бил запрашан зошто ги кине чековите кои ги добива од познатите списанија.

Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм Бил Канингeм

Ако не земаш пари, не можат да ти кажуваат што да правиш.

Бил Канингeм

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20893 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.