Почетна » Новости » Мода » Модна муза: Дева Касел убавица во нова фотосесија

Модна муза: Дева Касел убавица во нова фотосесија

Дева Касел е убавицата која ги краси страниците на модното списание „Muse“.

17-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел позираше во креации од Диор пред фото-објективот на фотографката Џулиет Абитбол.

„Се запознав со моделството уште како мало девојче, благодарение на мајка ми и татко ми кои секогаш ме носеа со нив на местата на кои работеа. Но, влегов во овој прекрасен и забавен свет пред неколку години. Ја почувствував искрата додека позирав за време на пробна фотосесија. Тоа беше момент кога сфатив дека сакам да бидам дел од оваа средина“ – изјави Дева во интервјуто за списанието.

Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse

На прашањето што ѝ беше најголем предизвик додека растеше пред очите на јавноста, таа одговори: „Од мала, ги гледам моите родители како мама и тато. Одушевена сум од нивниот талент и очигледно многу горда на тоа што го имаат постигнато низ годините, но тоа не ги менува во моите очи. Не можам да речам дека сум се соочила со многу предизвици откако сум пред очите на јавоста, но секогаш имам на ум да бидам претпазлива за тоа како го користам мојот јавен имиџ.“

Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse Дева Касел за Muse

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.