Најубавите подароци доаѓаат во мали пакувања...
Кога копнеете да го селектирате совршениот подарок за сакана личност која слави значаен животен момент, заборавате на компромисите – едноставно го сакате најдоброто. Накитот се оцртува како најпосакуван поклон, затоа што останува како перманентен потсетник на емоции и драгоцени спомени.
Непосредно пред сезоната на матурски и дипломски прослави, виртуелно прошетајте низ блескавите парчиња накит Rebecca кои би ја израдувале секоја модерна дама. Недискутабилно ќе бидете освоени од италијанскиот сензабилитет и софистицираната естетика типични за овој бренд, кој се роди во Тоскана, но минатата година гламурозно никна и во Скопје.
Колекција Silver Alphabet
Подарете персонализиран подарок, кој нуди доза на гламур преку комбинација на мали светкави кристали со синџирчиња од чисто сребро во елегантен и тенок дизајн.
Цени од 5.518 до 6.138 денари
Каролина Гочева е меѓу обожавателките на овие модели.
Колекција Jolie
Новата колекција JOLIE e специјално дизајнирана за дами кои сакаат парче ексклузивен накит, минималистички и скапоцен. JOLIE означува грацилност и софистицираност, безвременска и блескава убавина. Дизајнирана за заводливи и неодоливи дами.
JOLIE е колекција која е изработена од сребро и дијамантски прав.
Цени од 4.898 до 9.238 денари
Kолекција Dubai
Цени од 3.038 до 6.758 денари
Колекција My Life 18-каратно злато
Колекцијата MY LIFE IS GOLD, изработена од 18-каратно злато, има можност за додавање на полускапоцени природни камчиња.
Елегантните тенки синџирчиња се наменети за специјални незаборавни моменти од вашиот живот. Малите медалјони имаат порака за вашите специјални пригоди во форма на симболи или фрази. Раскажете ја вашата љубов, пријателство или страст преку 18-каратна емоција и поезија.
Цени од 15.376 до 18.418 денари
Прикажаниот накит можете да го најдете во ексклузивниот продажен салон на Rebecca во трговскиот центар „Рамстор“.