Ели Сааб нè води на модно патување до Амазон со егзотичната колекција пролет/лето 2018.
Магичната дива природа од џунглата ја постави основата за колекцијата „Amazon Crush“. Змиски принтови, тропски дезени и декорации инспирирани од растенија, како и неодолива палета на бои која асоцира на колоритни папагали, ги хипнотизираа погледите на публиката.
Ревијата, која се одржа во рамките на Париската недела на модата, наидува на гласни аплаузи и многу комплименти кај обожавателите на талентираниот Либанец.