Брижит Макрон не се потчинува на строго дипломатски стил, дури и кога е на официјална турнеја со својот сопруг Емануел.
Првата дама на Франција не се плаши да облече кожени панталони, иако многу жени на нејзината возраст и позиција би рекле едно големо „Не“ на ова парче облека.
За време на посетата на Кина, 64-годишната Макрон во два наврати беше фотографирана со црни кожени панталони, но и шик палта од врвни модни куќи.
За посетата на Музејот на теракотната армија, Брижит носеше црвено палто од Балман и впечатлива чанта од Кристијан Лобутин.
Славната прва дама избра креација од Ели Сааб за средбата на Макрон со кинескиот претседател Си Ѓинпинг.
Истата стилска формула „кожени панталони + палто од Балман“ Брижит ја искористи и следниот ден.
Брижит носеше син комплет од Луј Витон за нова средба со Си Ѓинпинг и неговата сопруга.
За крајот на турнејата, таа избра долг вечерен фустан, над кој облече прекрасно палто од Ели Сааб.