Најверојатно деновите на Меланија и Доналд Трамп во Белата куќа се одбројани. Но, додека ја носи титулата Прва дама на САД, Меланија е решена да остава силен стилски отпечаток.
50-годишниот поранешен модел го придружуваше Доналд на политички настан во Џорџија, а со најновиот стајлинг оддава модерна естетика.
Кожниот мантил во привлечна бордо нијанса е од британската модна куќа Александар МекКвин и чини речиси 6.200 долари додека салонките со зебрест принт се со потпис на Маноло Бланик и се во продажба за 875 долари.