Во деновите и ноќите кога температурите гравитираат околу максималната граница, нема ништо поедноставно за склопување на атрактивен стајлинг од фустан.
Со молскавична брзина ќе се облечете од глава до пети, независно дали се подготвувате за нов работен ден или мала ноќна забава. Токму затоа, секогаш во плакарот пронаоѓаме место за нови и нови летни фустани.
Се чини дека летово не можете да погрешите со изборот – трендсетерките носат и мини и миди и макси; еднобојни и мултиколоритни; волуменозни, слип и припиени...
Сепак, најсилен впечаток оваа сезона оставаат неколку трендови:
Плисирани фустани
Кошула-фустан
Цветни фустани со бохо и ретро шмек
Фустани на преклоп
Балонести ракави
Многу повеќе летни фустани можете да разгледате и купите на онлајн продавницата на FashionGroup.