Меланија и Доналд Трамп беа специјални гости на гала во Палм Бич, Флорида, каде поранешната прва дама се закити со награда за својата работа и придонесот кон подобрување на општеството.
На настанот организиран од Републиканската партија, 51-годишната Словенка зачекори во црн фустан со перја на ракавите од модната куќа Валентино.
Наградата „Spirit of Lincoln“ е признание кое им се доделува на лица кои го доловиле духот на Абрахам Линколн во нивните професионални кариери за подобрување на човештвото.
На свеченост пред два дена во ресортот Мар-а-Лаго, Меланија носеше комбинезон од Ралф Лорен.