Меланија Трамп одржа говор во Градината на розите во рамките на националната конвенција на Републиканската партија.
Првата дама на САД му даде целосна поддршка на Доналд Трамп, кој ќе се исправи против Џо Бајден за да освои втор претседателски мандат.
50-годишниот поранешен модел носеше маслинесто-зелена креација со воена естетика од Александар МекКвин и елегантни обувки од Кристијан Лобутин.
Во долгиот говор, Меланија им се заблагодари на нејзините родители, кои седеа во вториот ред во малубројната публика и зборуваше за преселбата од Словенија во Америка.
„Додека растев, како мало дете во Словенија, која тогаш беше под комунистичко владеење, секогаш слушав за прекрасно место наречено Америка, земја на слобода и можности. Како што станував повозрасна, ми стана цел да се преселам во САД и да го следам мојот сон да работам во модната индустрија.“
„Моите родители работеа многу напорно за да се погрижат не само нашето семејство да живее и просперира во Америка, туку и да придонесува за нација која дозволува луѓето да допатуваат со сон и да си го претворат во реалност. Сакам да го искористам моментот да им се заблагодарам на мајка ми и татко ми за сè што направија за нашето семејство. Благодарение на вас стојам тука денес.“
„Пристигнав во САД кога имав 26 години. Тоа што живеев и работев во земјата на можностите беше остварување на мој сон, но сакав повеќе. Сакав да станам државјанин. По 10 години подготвување на документи и трпение, учев за тестот во 2006 година и станав американски државјанин. Тоа сè уште е еден од моментите со кои најмногу се гордеам во животот, затоа што со напорна работа и решителност, остварив мој американски сон.“
Меланија Трамп
First Lady Melania Trump: "I wanted to be a citizen. After ten years of paperwork and patience, I studied for the test in 2006 and became an American citizen." #RepublicanConvention #RNC2020 pic.twitter.com/kZTaE7Xz3Z
— The Hill (@thehill) August 26, 2020
Исто така, Меланија зборуваше за пандемијата и за разлика од нејзиниот сопруг кој редовно го користи терминот „кинески вирус“, таа ја нарече болеста КОВИД-19 и им се заблагодари на медицинските лица за пожртвуваноста.