Почетна » Новости » Мода » Меган Маркл во фустан од речиси 4 МИЛИОНИ денари, а војвотката Кетрин од „само“ 10 илјади на вереничките портрети со принцовите

Меган Маркл во фустан од речиси 4 МИЛИОНИ денари, а војвотката Кетрин од „само“ 10 илјади на вереничките портрети со принцовите

Меган Маркл избра гламурозен стајлинг за официјалните веренички портрети со принцот Хари.

36-годишната холивудска актерка блесна во креација од високата мода на британската модна куќа Ралф и Русо, за која странските медиуми пренесуваат дека вреди околу 3,9 милиони денари.

Хари и Меган Хари и Меган

Фустанот е дел од колекцијата есен/зима 2016-2017.

Хари и Меган

Не беа малку оние кои коментираа дека проѕирниот дел од рачно изработениот фустан е несоодветен за кралски портрет.

За третата фотографија, Маркл носи блуза од Викторија Бекам, што покажува дека веќе се фокусира на британските брендови.

Хари и Меган

За разлика од Меган, војвотката Кетрин беше поскромна во изборот на својот стајлинг за фотографиите со принцот Вилијам по повод нивната свршувачка.

На нив, Кетрин носеше фустан од Reiss кој веќе го имаше во својот плакар и чини „само“ 10.000 денари, а потоа се пресоблече во кошула од брендот Whistles во вредност од 6.500 денари.

Вилијам и Кетрин Вилијам и Кетрин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.