Кога Доменико Долче и Стефано Габана креираат колекција за новата сезона, не ги забораваат најмалите. Славното дизајнерско дуо создаде шармантна колекција за малите момчиња и девојчиња, а голем дел од новите креации се инспирирани од цртаните филмови на Дизни.
При креирањето на колекцијата, талентираните дизајнери целеле да ги инспирираат своите мали клиенти да сонуваат и да им покажат дека во светот на модата, сè е возможно. „Денес секоја девојка сака да биде принцеза. Сега сè е возможно за младата генерација. Знаеме каков е светот денес. Модата ги инспирира луѓето да сонуваат – ова е услугата која модата им ја дава“ – велат од брендот.
Снежана и седумте џуџиња, Пепелашка, Тијана, Оревокршачот, шармантниот принц... Погледнете ја детската колекција есен/зима 2016 на познатата италијанска модна куќа: