Езотеричната симболика му овозможи на Зухаир Мурад да си поигра со својата љубов кон украсувањето и раскошот.
Магијата на космосот, како и хороскопски и тарот знаци „експлодираа“ низ најновата колекција на либанскиот дизајнер презентирана на Париска недела на високата мода.
Оваа сезона, Мурад се потпре на натприродното, ставајќи ги планетите во функција и барајќи од ѕвездите да ни обезбедат посреќна иднина.
„Навистина сум приврзан за овој свет и љубопитен сум да дознаам за иднината и за овој свет кој е навистина мистериозен и стар. Обожавам знаци и симболи“ - изјавил Зухаир пред ревијата.
Погледнете ја колекција на врвниот креатор наменета за сезоната есен/зима 2022-2023: